Словенечкиот судија Давид Сок дури два пати покажа син картон во последните 60 секунди од натпреварот помеѓу Франција и Алжир.
Двата картони беа за репрезентативци на Алжир, што автоматски значи дека Амине Бенанибиа и Софијан Темам добиваат по еден натпревар суспензија. Алжир водеше со 25-24 до последната минута од натпреварот, но Франција со два гола во финишот направи пресврт и дојде до победата.
Синиот картон се употребува како за проба на ова младинско Светско првенство, а се покажува со намера за автоматска суспензија на ракометарот на еден натпревар, обично за груби прекршоци во последните моменти од натпреварите.