За Путин, Словачка е погодна за мировни преговори за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин ја поддржа Словачка како погодна локација за потенцијални идни преговори за решавање на украинскиот конфликт.

Говорејќи во четвртокот на прес-конференцијата по самитот на ЕАЕУ во Санкт Петербург, рускиот лидер потврди дека Словачка е подготвена да биде домаќин на мировните преговори.

Идејата, наводно, била изнесена за време на состанокот на Путин оваа недела со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Словачка постојано се залага за мирно решавање на украинскиот конфликт и за разлиак од другите земји на ЕУ, не го снабдува Киев со соружје. Нејзиниот став ја позиционира земјата како потенцијален неутрален посредник, според Путин.

Тој истакна дека Словачка зазема „неутрална позиција, и дека таа е „прифатлива опција“.

Фицо по неговиот состанок со Путин во понеделникот рече дека тие „размениле мислења за воената ситуација во Украина“ и ги истражувале можностите за постигнување „крај“ на конфликтот.

Шпекулациите за можни руско-украински мировни преговори добија замав по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД минатиот месец.

Москва соопшти дека е отворена за разговори, под услов да ја земат предвид територијалната „реалност на теренот“ и Киев да прифати дека никогаш нема да ја врати контролата врз руските региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, како и на Крим. .

Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира на враќање на четирите поранешни украински региони кои ѝ се приклучија на Русија во 2022 година и на покана за членство во НАТО блокот – услови кои Москва ги смета за неприфатливи.