За ред, за правда, за дисциплина – протест на Синдикатот на полицијата при КСС пред Владата

Синдикатот на полицијата во Македонија при КСС излезе на протест пред Влада под паролата „За ред, за правда, за дисциплина“.

Протестот се одржува поради, како што наведуваат, притисокот кон полицијата, незаконски распределувања, недоволен број на униформи.

Протестот започна пред канцелариите на Европска унија и заврши пред владата, каде што беа давани и изјави од претставниците.

Претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија претходно најави дека ќе достават писмено барање до Владата и премиерот и очекува дека некој сериозно ќе ги разгледа барањата.