За ручек пилешко со павлака

Состојки:

500 гр. бело месо

2 главици кромид

1 среден морков

половина чаша павлака

1 лаж. зачин

пипер по вкус

ориз или пире како прилог

Подготовка:

Исечкајте го кромидот заедно со морковите и издинстајте ги на малку масло.Потоа додадете го месото исечкано на коцки, зачинете и крчкајте уште 30 мин. со долeвање на вoда (потребно е околу 200 мл вода).

Кога месото е издинстано, додадете ја киселата павлака и тргнете ја од оган. Служете со варен ориз или пире. Декорирајте со магдонос.