
Состојки:
1 пиле
50 гр.пилешки џигер
1 помал морков
1 јајце
1 помал кромид
1-2 чешниња лук
2 лаж презла
малку магдонос
малку сол
малку црн пипер
масло за мачкање
сенф
компир
Начин на подготовка:
Џигерчињата исечкајте ги на ситно, кромидот и лукот изрендајте ги, магдоносот ситно исечкајте го, додадете јајце, презла, сол, пипер, зачините и се заедно измешајте. Со оваа смеса наполнете го пилето, потоа намачкајте го со масло, посолете го и намачкајте го со сенф. Пилето ставете го во подмачкана тавка и печете го заедно со компирите кои сте ги исекле на кругови. Додека пилето се пече мора да биде поклопено (печете го во печка или тавка и покријте го со фолија за печење). 15 минути пред да го извадите од рерна, тргнете го капакот малку да се зацрвене.