За Русија „цинични“ се барањата на САД за продолжување на инспекциите на нуклеарното оружје

Руското Министерство за надворешни работи изјави во средата дека американските барања да продолжат инспекциите според договорот за контрола на нуклеарното вооружување Нов СТАРТ се цинични, во прв ред поради воената поддршка на САД на Украина во нејзината војна против Украина.

Договорот Нов или СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според клаузулата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека пред три години се повлече но навестува дека сака да разговара за негово продолжување, а се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел, како и од мултинационалниот Договор отворен небо за меѓсуебни воздушни инспекции на воените капацитети на земјте потписнички. Москва, пак, претходните години во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор, но особено откако Вашингтон од доаѓањето на власт на претседателот Џо Бајдне во 2021 година воено застана зад Киев, веќе не гледа смисла за такви разговори.

Во напомените кои ги објави руското Министерство за надворешни работи во средата, исто така, се предупредува дека дејствувањата на САД против Русија претставуваат „вистински ризици“ од директен воени судир меѓу двете нуклеарни сили, извести агенцијата РИА.

Преговорите меѓу Русија и САД за продолжувањето на инспекциите според договорот Нов СТАРТ беа планирани за ланскиот ноември, но беа откажани во последен момент, откако стана јасно дека Вашингтон и НАТО ќе го одбијат предлог-договорот од Москва за осигурување на гаранции за руската безбедност. Со тој договор се повикуваше на правно обврзувачки договор со кој Алијансата нема да се шири на исток кој руските граници, вклучително и на земјите во непосредното соседство како Украина и Грузија, како и повлекување на базите и стратешкото вооружување на НАТО на границите пред 1997 година, односно на земјите членки на пактот пред да во него да влезат посткомунистичките земји од некогашниот Варшавски воен сојуз.

Русија минатата седмица рече дека сака да го сочува Новиот СТАРТ, последниот нуклеарен договор од кој САД формално не се повлекоа, и покрај „американскиот деструктивен пристап кон контролата на оружјето“. „Руската страна повторно ја потврдува непроменетата доследност на договорот Нов СТАРТ како важен инструмент за одржување на меѓународната безбедност и стабилност“, повторни во средата Москва.

Руско-американските преговори за продолжување на инспекциите според договорот Нов СТАРТ, кој истекува во февруари 20226 година, беа прекинати во ноември 2022 година, без воспоставување временска рамка за новите преговори

Ланскиот август портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова извести дека и покрај односите меѓу двете земји се на најниското ниво од крајот на идеолошката блоковска Студена војна, Москва и Вашингтон се договориле да го одржат дијалогот и успеале да решат некои од проблематичните прашања во врска со инспекциите кои произлегуваат од договорот Нов СТАРТ. Но притоа забележа дека и натаму има „значителни тешкотии“ во спроведувањето на „суштинските рутински мерки“ предвидени со договорот е комплицирано, за што ги обвини „неконструктивните активности“ на Вашингтон и неговите сојузници.

Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година и почна да важи следната година го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги ограничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектилите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.

Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.