Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков соопшти дека премногу е рано да се зборува за тоа дали Русија ќе и пружи помош на Србија по заострувањето на ситуацијата на Косово, пренесува Спутник.
Прво треба да се одржи состанок, одговори портпаролот на Кремљ на новинарското прашање дали Русија ќе и понуди помош на Србија.
Претходно беше објавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ планира да побара поддршка од Владимир Путин за решевање на ситуацијата на Косово. Средбата на двајцата претседатели е планирано да се одржи утре. Вучиќ во саботата изјави дека на средбата со Путин ќе разговара за сите важни прашања за Србија, а дека приоритет во разговорите ќе биде ситуацијата во Косово.