За менито оваа сабота бидејќи денот е повеќе за одмор се одлучивме да подготвиме две јадења кои ќе биде готови за кратко време – шпагети на брз начин и една торта за која нема да виде потребно многу време во кујната.
Состојки
250 гр доматно пире
2 чешниња лук
1 пакет шпагети
1 лажица босилек
1 лажица суви зачини
1 лажица магдонос
Бибер
Пармезан
Подготовка
Во сад со вода додајте малку масло и сол, сварете ги шпагетите. Во еден сад ставете го доматното пире, посолете, додајте бибер и суви зачини. Во тава ставете малку маслиново масло, додајте сос и ставете го на тивок оган десетина минут. Кога ќе се згусне додајте ситно исечкан лук.
По неколку минути додајте павлака за готвење. Измешајте, оставете да се крчка неколку минути. Кога ќе биде речиси готово ставете многу пармезан и босилек.
Шпагетите извадете ги од садот и измешајте ги во тава. Оставете минута да се соединат. Ставете ги во чинија, наросете уште малку пармезан, магдонос и уживајте…
Брза торта
Состојки
Пандишпан
4 јајца
200 гр шеќер
80 гр брашно
40 гр скроб за јадење
4 лажици топла вода
30 гр чоколадо во прав
1 лажица рум
Крем
Готова крема за кремпита од Др. Еткер
800 мл млеко
Украсување
2 чоколади за готвење
Кокос
Малку масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 190 степени, а белките одвојте ги од жолчките. Белките и четири лажици топла вода изматете ги во цврст снег, па при тоа додавајте шеќер. Изматете ги одвоено жолчките и додајте ги белките со лесно мешање.
Во смесата додајте скробно брашно, прашок за пециво, чоколадо во прав, брашно и сето тоа изматете го. Додајте рум.
Ставете ја смесата во округола тава, на хартија за печење, израмнете и печете 10 минути.
Кремот направете го според упатството. Кога пандишпанот ќе се излади пресечете го на пола, прелијте со кремот. На крај за декорација стопете чоколадо со малку масло и прелијте ја тортата.
Пријатен апетит!