Последниот важен договор за контролата на нуклеарното вооружување меѓу САД и Русија е застарен и има недостатоци, оцени во средата американскиот амбасадор во Москва, Џон Хантсмен, додавајќи дека би можело тој да биде отфрлен кога во 2021 година ќе истече и да биде заменет со нов.
Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, останува единствениот договор во моментов кој е на сила меѓу САД и Русија за ограничување на оружјето. Договорот истекува во 2021 година, а досега Вашингтон не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека на 2-ри февраури годинава се повлече од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор. Договорот го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави на 1.550. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.
„Некои сакаат да се продолжи ткн Нов СТАРТ. Некои се заземаат за склучување на нешто ново. Не сум сигурен што ќе се склучи“, рече амбасадорот Џон Хантсмен за радиот станицата Ехото на Москва.
Американскиот амбасадор рече дека договорот е склучен во времето кое претходеше на кибернетичкото војување, хиперсоничните проектили, подводните нуклеарни платформи и торпедата, како и кинескот трупање на стратешко нуклеарно оружје. Според Хантсмен, не го опфаќа ниту тактичкото нуклеарно оружје, а можеби новиот договор би можел да вклучува и ненуклеарното оружје.
„Според тоа, има многу отворени прашања. Ќе има разговори и согласувања и несогласувањеа во поглед на опциите кои ќе бидат употребени: дали тоа треба да биде продолжување на Новиот СТАРТ, дали треба да биде нешто сосема нова“, рече Хантсмен, додавајќи дека американскиот претседател Доналт Трамп се зазема за договор кој би им одговарал на новите времиња.
Иднината на овој договор е во фокусот на вниманието на светската јавност, имајќи предвид дека САД претходно во август се повлекоа од Договорот за елиминирање на нуклеарните проектили со кус и среден дострел (INF) склулен со тогашниот Советски сојуз во 1987 година, обвинувајќи на Русија дека го прекршува, што Москва одлучно го негира и вината за нарушувањето на спогодбата ја префрла врз Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој на својот руски колега по должност Владимир Путин уште во 2017 година му кажал дека смета оти договорот СТАРТ-3 (Strategic Arms Reduction Treaty) е лош договор за САД, дури следната година ќе одлучи дали ќе го продолжи или не, изјавуваат американски функционери. Договорот, кој многумина го сметаат за единствениот документ кој сѐ уште може да ја спречи отворената трка во вооружување, може да биде продолжен за уште пет години со согласност на двете страни.
Трамп би сакал да ја вклучи Кина во разговорите за продолжување на договорот за стратешкото ракетно вооружување СТАРТ-3, рече во јуни неговиот советнил за национална безбедност Џон Болтон и притоа ка истакна желбата на САД во разговорите да бие вклучена и Кина, којашто во моментов не е ограничена од одредбите од споменатиот договор, во преговорите за контролата над вооружувањето, во услови на постојано зголемување на ризикот од ширење на оружјата за масовно уништување во современиот свет. Според некои експерти, Пекинг во случај да се направат сериозни обиди да биде вклучен во новите преговори за Договорот за намалување на стратепкото оружје (СТАРТ-3), ќе бара Русија и САД своите стратешки офанзивни потенцијали да ги намалат за седум пати.