За само три дена 88 жртви на коронавирусот во Македонија

Бројот на починати лица како последица од коронавирусот расте од ден на ден и само во последните три дена од почетокот на оваа седмица земјата бележи дури 88 смртни исходи по компликациите предизвикани по заразата со вирусот.

Имено, во понеделникот според статистиката на Министерството за здравство во Македонија починаа 27 лица.

Пријавени се 27 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г,62г,64г, 64г,64г,65г, 69г, и 70г), 4 починати лица од Гостивар (53г,65г ,72г и 83г), по 3 починати лица од Тетово (60г,70г и 76г), Куманово (67г,72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г), по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г), и Свети Николе (55г).

Во вторникот беа пријавени најголем број на починати пациенти, дури 32.

Пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).

Во средата беа пријавени 29 пациенти кои ја загубиле битката со вирусот.

Пријавени се 29 починати лица: 6 починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г),

Инаку во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје минатата недела се пријавени 134 смртни случаи во текот на изминатите седум дена (16-22 август).  Најголем дел од нив се од Скопје (32), Тетово (28), Гостивар (22), Куманово (16), Кичево (10).

Најголем број (n=104; 77.6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.