СДСМ во партиското сопштение истакнува дека продолжува со спроведување мерки коишто значат унапредување на земјоделството, подобрување на условите за работа и повеќе пари кај земјоделците.
Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, обезбедуваме дополнителна помош за младите земјоделци, посчуваат од партијата на власт и додаваат дека ги унапредувале и поедноставиувале условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.
„Воведуваме дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра за младите земјоделци до 40 години. Оваа мерка ќе обезбеди значителна поддршка за младите земјоделци да се мотивираат за занимавање со земјоделската дејност.
Претходно, над 400 млади земјоделци добија неповратни средства од 10.000 евра за да продолжат се занимаваат со земјоделство и да го унапредат сопственото производство“, сопштуваат од СДСМ.
Со последните законските измени е обезбедено предфинансирање на корисниците на мерките од ИПАРД програмата, со што се олеснува пристапот до овие фондови.
„Земјоделците што се корисници на оваа програма сега парите ќе ги добиваат однапред, пред да започнат со инвестициите, а ќе имаат обврска да ги вратат во период од осум години, без камата. Парите за оваа мерка ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности’, потенцираат од СДСМ, додавјќи дека развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за оваа партија.
Мерките што се обезбедени гарантираат преструктуирање и подмладување на земјоделскиот сектор преку силна поддршка за младите земјоделците до 40 години и обезбедување услови за воведување на нови технологии во преработувачката индустрија и постбербените активности.