Вкупно 1.218 повици се регистрирани на телефонската линија „Ало докторе“ во текот на изминатата недела.
Од септември 2014. откако започна да работи телефонската линија 02/15 123 до вчера имало вкупно 84.109 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори вкупно се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.
На сите оние лица кои побараа медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.