За седум дена на „Ало докторе“ се јавиле 1.286 граѓани

„Ало докторе“

Линијата 02/15123 е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совети достапни се 25 доктори, а јавувања има од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата најчесто се за совети поврзани со хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, кашлици и симптомна болка.