Во Србија во изминатите седум дена уште четири лица починнаа во треската на Западен Нил, објави Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут”, додека во Хррватска исто така во вторникот објавија дека пет лица заболени од истата болест се борат за животот на Клиниката за инфективни болесто „Фран Михаљевиќ“,
Годинава од треската на Западен Нил, во Србија заболеа 286 луѓе, а починаа 29 лица. Најголемиот број на заболени се регистрирани во Белград, 141 лице. Во Србија обично првите заболени се регистрираат веќе во јули, а најголем број на пациенти се пријавуваат во август. Треската на Западниот Нил првпат е регистрирана во Србија во 2012 година. Од тогаш до 2017 година пријавени се 574 случаи на треска од западен Нил, а 61 лице починало
Во Загреб пет лица се во неизвесна здравствена состојба, приклучени се на апарати за дишење и се наоѓаат во длабока кома, потврди во вторникот Мрко Кутлеша од Заводот за интезивна медицина и инфектологија.
Од болеста Западен Нил, којашто ја пренесуваат комарците и е сезонска во летниот период, во Хрватаска првите случаи се регистриани на почетокот од јули а до 10-теи септември лабораториски е потврдена кај 39 лица од кои едно е починато.
Најголемиот број, 35 лица, се заразени во подрачјата на северозападна и источна Хрватска, и најмноу 14 лица во Осјечко-баранската жупанија, како и во Загрепската жупанија и на територијата на Град Загреб – девет лица,
Според податоците на Европскиот центар за спречување и сузбивање на болестите, до 6-ти септември на подрајето на Европа се регистрирани вкупно 1.112 случаи на заболување од западнонилската треска и во истиот период на целиот европски континент починале 71 лице.
Во земјите на ЕУ досега се пријавени 798 случаи на треска на Западниот Нил, а повеќето случаи се во Италија – 327, Грција – 168, Унгарија – 134 лица. Во ЕУ досега се починати 44 лица, и тоа во Грција 18, во Италија 13, Романија 12.