За седум месеци над 175.000 обиди за илегални преминувања во ЕУ

Во седумте месеци од годинава забележани се рекордни илегални преминувања на границите на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Според податоците на агенцијата, имало 176.100 обиди за преминување на границите на Унијата. Ова е највисоката бројка пријавена за овој период од 2016 година и претставува зголемување од 13 отсто. Само во јули имало 42.700 обиди за преминување, што е за 19 отсто зголемување во споредба со јули 2022 година, соопшти агенцијата.

Според податоците, повеќе од половина од обидите, или 89.047, биле преку централната медитеранска рута – на пример од Либија и Тунис, преку Сицилија и Малта. По оваа траса повеќе од двојно е зголемен бројот на обиди за илегални премини во првите седум месеци од годинава.

Сепак, Фронтекс забележува дека маршрутата преку Средоземното Море и натаму е опасна и во првите седум месеци од годинава исчезнале повеќе од 2.060 мигранти.

Агенцијата забележува намалување на обидите за преминување по маршрутата преку Западниот Балкан, која е втора по популарност. Таму се забележани повеќе од 52.200 премини, што е намалување за 26 отсто и се должи главно на построгата визна политика.

По сите други маршрути, исто така, било пријавено намалување на обидите за илегални премини, додаде Фронтекс.