За секое прваче во Аеродром по 3.500 денари во септември

Секое прваче во Аеродором ќе добие по 3.500 денари на почетокот на учебната година.

Општината Аеродром подготвува одлука со која на родителите ќе им бидат доделени парите за да им се намалат давачките на почетокот на учебната година.

Одлуката како што потврдија од Општина Аеродором за Плусинфо, се очекува да се најде на дневен ред на седница на Советот на 11 јуни. Откако советниците ќе ја изгласаат, на општинската веб страница ќе биде објавено известување за родителите кои од први септември ќе испраќаат прваче во училиштата во Аердром да достават податоци за да може да им бидат префрлени парите.

Надоместокот од општината Аеродром што како предизборно верување го даде градоначаникот Златко Марин ќе се оствари токму на почетокот на новата учебна година кога семејниот буџет на секое македонско семејство се преполовува за училишен прибор, книги, ранци.

Надлежните најавуваат дека од септември училишното обезбедување ќе се плаќа со пари од општинската каса, наместо од џебот на родителите, како што беше досега. Така ќе биде во основните училишта и во детските градинки во Аеродором.