![rthhrhrtrht](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/rthhrhrtrht.png?resize=637%2C425&ssl=1)
Трите „ер трактори“ со кои располага Македонија повеќе од две години не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани.
Пред еден месец се чекаше да падне тендерот за добавувач-сервисер, за Бирото за јавни набавки да дозволи тој да се најде со директно преговарање. Сега се чека да дојдат понудувачите.
Но, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена…
„Поканет е сервисерот минатата недела, чекаме да дојде неделава. Но, за сервисирање на еден авион за гасење пожари потребни се од 40 до 45 дена, со се’ подготовките да полета и да се стави во функција. Жалам што ‘ер тракторите’ што ги начекав несервисирани, поминале приземјени многу пожари и сезони на пожари“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути.
„’Канадерите’ се приземјени. Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка на сервисирање од Хрватска. Уште утре тоа ќе го направиме за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавни набавки…“ кажа синоќа премиерот Зоран Заев.