За шефот на Пентагон руските надзвучни проектили не го „менуваат текот на судирот“ во Украина

Хиперсоничните ракети кои Русија објави дека ги употребила за уништување на подземни добро утврдени цели во Украина, „не го менуваат текот на судирот“ кога станува збор за украинската војска, тврдеше во неделата американскиот министер за одбрана.

„Не мислам дека тоа е оружјето коешто ќе го измени текот на борбите“, рече Остин за американската телевизиска мрежа CBS News, одбивајќи и да ги потврди и да ги негира информациите дека Русија го употребила хиперсоничните проектили.

Претходно во неделата Русија втор ден по ред објави дека го користела надвзучниот ракетен систем тестиран во 2018 година првпат во вистински борбени услови.

Со употребата на ваквиот вид оружје Русија „настојува да го врати залетот во судирот во кој нејзината војска заглави“ тврди Лојд без да се осврне на големата територија којашто ја контролираат руските единици во Украина.

„Сведоци сме дека Русија последните неколку седмици намерно ги гаѓаат градовите и цивилите, а само затоа зашто офанзивата им е блокрана“, вели Остин.

„Руските сили не се ефикасни во напредувањето на теренот каде што главно ги блокираат украинските борци кои храбро се борат и кои останаа во Украина решителни да ја одбранат својата земја“, уверува американскиот министер за одбрана.

Рускиот претседател Владимир „Путин ги испрати своите трупи во мелница“, вели Остин додавајќи дека Украинците се „многу ефикасни благодарејќи на вооружувањето што им го испративме“, како што се противтенковските и противракетните ситеми „Jevlin“ и „Stinger“ без да ги коментира информациите дека големи количества од ова оружје се запленети од руската војска.