![policija noke](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/policija-noke.jpg?resize=672%2C448&ssl=1)
Вчеравечер (29/30 октомври) од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило, а се под дејство на алкохол.При контролата санкционирани биле вкупно 19 возачи (ТЕ-14 и ГВ-5), кај кои било утврдено присуство на алкохол.На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци и исклучени се од сообраќај.
Во акциската контрола, исто така, биле санкционирани и 15 други видови сообраќајни прекршоци.