За шест месеци за 88,5 проценти помалку градежни активности во странство

Градежната оператива на Македонија во странство во периодот од јануари до јуни гдинава извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725 000 денари, што е за 88.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Спорд статистиката, големиот пад на вредноста на извршените градежни работи е резултат на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија, додека, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 3.993 844 илјади денари, што е за 345,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од лани.