За синовите на функционерите не важи законoт, уште едно бодење со нож неказнето

Во петокот Гоце Филиповски, татко на избореното момче во скопско Марино, Филип Филиповски, на социјалните мрежинапиша дека повторно е прободено момче со нож и дека повторно се работи за син на политички функционер од владјеачката СДСМ.

Имено на први мај, според записникот на полицијата, пријавено е дека пред хотел во Стар Дојран дошло до физичка пресметка во која бил употребен нож и „лицето З.М. се здобило со убодни рани на телото“. Лишени од слобода биле лицата Р.К. од Струмица и С.Р. исто така од Струмица.

Еден од напаѓачите е синот на началникот за сообраќај при СВР, Струмица Оливер Ристов, заедно со синот на началникот на СВР, Струмица Танчо Пројковски, но и телохранителот на синот на премиерот, пренесуваат медиумите.

Таткото на Филип Филиповски којшто пред два месеца напиша на социјалните мрежи дека неговото дете било избодено со нож во дискотека во Марино, од син на функционер на СДСМ, кој тогаш побара да не се заташкува случајот затоа што во него биле инволвирани синовите на поранешниот градоначалник на Петровец, Ѕвонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР.

Вели дека не очекува синовите на поранешниот градоначалник Ѕвонко Цветковски  да ја добијат заслужената казна, затоа што виновниците имале доволно пари за да си платат ослободителна пресуда.

Тој обвини дека исто како и во случајот со неговиот син и овој случај ќе биде заташкан иако е предаден на јавен обвинител и оружјето е обезбедено, поради тоа што станува збор за високи функционери на СДСМ и началници во СВР Струмица и истите ќе бидат ослободени од притвор, а судиите ќе судат по она колку пари ќе им бидат платени.