Зимскиот распуст денеска започнува за околу 280.000 основци и средношколци.
Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари, а предметите ќе им бидат познати на 19 јануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап кој ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.
За останатите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.
Министерот Спиро Ристовски вчера на прес-конференција најави дека и 2014 ќе биде реформска и оти за таа цел буџетот во овој ресор ќе биде една милијарда повеќе од 2013-та, односно 22,4 милијарди денари.