За Србија резултатите од гласањето за резолуцијата за Сребреница се „морална победа“

Покажавме како се бориме за Србија, изјави во четвртокот во Њујорк српскиот претседател Александар Вучиќ, откако Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани, што српските власти ја прогласија за своја. морална победа.

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која потсетува на масакрот извршен врз Бошњаците од Сребреница во 1995 година и повика на воведување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на тоа злосторство.

Вучиќ истакна дека 84 земји гласале за резолуцијата, а 87 не. „Во ниту еден национален парламент, таков чин нема да успее“. Вучиќ имено им се заблагодари на земјите кои гласаа против или воздржани. Од земјите на ЕУ, Унгарија гласаше против, а Словачка, Грција и Кипар беа воздржани.

Српскиот претседател истакна и дека трите земји кои беа меѓу спонзорите на резолуцијата на крајот се воздржаа од гласање.

„И уште еднаш ќе го споменеме прашањето за правната одговорност, бидејќи тие инсистираа дека тоа не е прашање против ниту една нација и народ, и токму за тоа се разговараше овде. Затоа што сите луѓе кои беа обвинети во врска со Сребреница, без разлика дали тоа беше злосторство, геноцид, масакр, како и да го наречете, сите тие се веќе осудени на затворски казни. Сите тие. Која е целта на оваа резолуција? Поточно, откако беше донесена резолуцијата во 2015 година, единствената цел и намера беше моралната и политичката вина да се префрли на еден народ. На луѓето на Србија и Република Српска како дел од Босна и Херцеговина. Тоа беше единствената намера. И да бидам искрен, кога е во прашање легитимноста, тоа не успеа. Кога станува збор за вашата ‘голема победа’ или големата победа на оние кои гласаа за… Не би имал што друго да додадам“, рече Вучиќ во текот на дискусијата во Генералното собрание.

Подоцна во изнаја за медиумите посочи дека Белград работел „дење и ноќе“ скоро два месеца, напорно и „покажавме како се бориме за Србија“.

„Само да се разбере колку ги притискаа сите… Имате најмалку три земји кои беа принудени да бидат коспонзори, да потпишат, а на крајот се воздржаа, но не гласаа за нив. Тоа ви е во случајот со Маршалските Острови, Вануату, дури и со Соломоновите Острови мислам. Неверојатно е какви беа притисоците и што им направија. Се боревме и верувам дека го осветливме образот на нашата земја“, рече спрскиот претседател.

Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда, земји и самите обвинети за милионски геноциди, а нејзини коспонзори се четириесетина земји, а сите земји од поранешна Југославија гласаа „за“.

Агенцијата Associated Press пишува дека поддржувачите на резолуцијата се надевале на сто гласови. Против неа беа Русија и Кина, како и повеќе африкански, јужноамерикански и азиски земји како Куба, Никарагва, Венецуела, Јужна Кореја и Азербејџан.

„Тие што го дизајнираа ова не беа во право… Направија сѐ за да ја понижат Србија“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател објави и порака на Instagram: „Предавањето никогаш не е опција за нас! Горд на слободна Србија и херојскиот српски народ“, заедно со фотографија од сесијата во Њујорк каде што седи обвиен во знамето на Србија.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, рече дека резолуцијата за Сребреница не доби мнозинство во Генералното собрание „туку пропадна“, бидејќи 84 гласа „не се натполовично мнозинство“. Додик оцени дека пропаднала намерата „Србите да се етикетираат како геноциден народ“.

Имено, наместо во Советот за безбедност, каде беше речиси сигурно дека Русија и Кина ќе стават вето, иницијаторите на резолуцијата ја поднесоа во Генералното собрание каде за да мине и не како необврзувачка резолуција туку како „ден на сеќавање“ е потребно просто мнозинство гласови од присутните во моментот во над 190-члената асамблеа.

Српските медиуми во четвртокот го проследија усвојувањето на резолуцијата со доминантни оценки дека документот не добил убедлива поддршка од мнозинството, со наслови „Поразот на Западот и неговата уцена“ и изјавата за „срамната резолуција“ која на крајот има повеќе гласови „против“ и „воздржани“ од оние „за“.

Белградските медиуми ја издвојуваат оценката на рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, кој рече дека резултатот од гласањето на Генералното собрание покажува длабоки поделби во меѓународната заедница, оценувајќи дека тоа е „пирова победа на предлагачите“.