
Се сеќавате на црвено-сините гуми за бришење? Истите сеуште се продаваат, а речиси никој не заборавил дека само што ќе поминете со синиот дел хартијата се кине…
Порано сите мислевме дека црвениот дел служи за бришење графитни моливи, а дека синиот дел е за пенкала. Но секој таков обид би резултирал со скината хартија, затоа што синиот дел беше премногу груб.
Тој е наменет за бришење дебели и тешки хартии. Најпогоден е за бришење мастило и тоа исклучиво на тешки хартии. На тенката хартија, како што е онаа во тетратките синиот дел е бескорисен.