Слабиот број гласови на неодмна завршените претседателски избори кои јасно кажуваат незапирлив надолен тренд на владејачката СДСМ беше поводот за социјалдемократскиот челник Зоран Заев преку ткн „операција метла“ за кадрите во власта кои незадоволе всушност да се пресмета со внатрепартиските ривали, особено со ткн скопско крило на поранешната партиска шефица Рада Шекеринска.
Прв на удар на „метлата“ на Заев се најде досегашниот генерален секретар Александар Кирацовски, зад кого се влечеа опашките на за непотизмот при вработувањето на членови на неговата фамилија. Тој ќе биде заменет со министерот за земјоделство, Љупчио Николовски, кој важи за близок човек на премиерот и шеф на неговиот кабинет кога СДСМ беше во опозиција шеф на кабинетот на Заев.
Откако минатата седмица беа разрешени сите 72 претседатели на општонските органиации, во неделата вечерта на Централниот одбор на партија беа разрешени и шесте потпретседатели на СДСМ: Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов. Разрешена е и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова. Според досегашните информации, рарешпени се и другите секретари на партијата, организацискиот Миле Зечевиќ и за меѓународна соработка Јован Деспотовски. На денешната седница на ЦО на СДСМ е променет претседавачот на Централниот одбор Пеце Мирчески. На негово место е поставена Соња Карапеч од Битола. Таа е директор на Студентскиот дом”Кочо Рацин” во Битола. На дневен ред се и внатрешнопартиските избори, односно начинот и критериумите за избор на функционери на Општинските организации на СДСМ.
Во партијата веќе се коментира дека Заев ги чисти сите оние кои нему му пречат и се пресметува. во прв ред, со „скопското крило“ на Радмила Шекеринска, како и партиските функционери кои важат за блиски до неа, но и „кумановското крило“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Покрај тоа, очигледно е дека Заев има намера да се опкружи исклучиво со нему безрезервно лојален кадар кој никогаш нема да се осмели да побара негова одговорност за падот на рејтингот на партијата.
Тоа многу јасно го порача и вечерта по завршувањето на Централниот одбор кога на новинарско прашање за неговата одговорност, одговори дека „нема причина да поднесе оставка “бидејќи најголемите проблеми биле решени. „Ги решивме проблемите со Грција и Бугарија, успеавме да го сплотиме народот“, оцени Заев, но не се осврна на поадот на квалитетот на живејачката на македонските граѓани што всушност е главната причина за падот на довербата кај избирачите.
Може да се претпостави дека многу скоро на виделина ќе излезе стратегијата на Заев и тоа при именувањето на новите партиски потпретседатели. Тоа треба да се случи на следната седница на Централниот одбор, кој најверијатно ќе се одржи до средината на јуни. Тогаш, делегатите треба да се изјаснат за доверба за партискиот лидер Заев, заменик-претседателката Радмила Шекеринска и централниот и надзорниот одбор на партијата, согласно со резултатите од претседателските избори.