
Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вели дека ја прочитал Резолуцијата која до Собранието ја достави ВМРО-ДПМНЕ и оти во неа нема ништо спорно. Сепак, тој не откри дали неговата партија ќе ја поддржи Резолуцијата, објаснувајќи дека за тоа Алијанса сѐ уште нема разговарано.
-Сепак политичка партија треба да донесе одлуки во полн состав по партиските тела и тоа ќе биде конечно и дефинитивно. Да видиме како ќе се движат работите. Кога ќе дојде тоа во Парламентот. Ако не дојде во Парламентот, што е битно како размислуваме ние и што размислуваме ние? Така што, нека влезе тоа во процедура, па ќе се изјасниме како партија, рече Таравари.