
Најоголемата измама во историјата, ја нарече американскиот претседател Доналд Трамп аферата со неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски од кого барал да се истражи евентуална коруптивна активност во Украина на неговиот евентуален противник на претседателските избори следната година, демократскиот поранешени потпретседател на САД, Џо Бајден.
„Она што се случува е најголемата измама во историјата на американскат аполитика“, рече Трамп во видео пораката која ја објави на Twitter.
Трамп тврди дека опозициските демократи „сакаат да одемат сѐ“, особено споменувајќи го личното вооружување на граѓаните, здравствената грижа и нивниот глас, нивните судии и нивната слобода.
„Тоа е многу едноставно. Тие сакаат да ме спречат мене, бидејќи се борам за вас – а јас никогаш нема да дозволам тоа да се случи“, порача Трамп.
Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот покренаа постапка за отповикување на Трамп поради наводното вршење притисок или погаѓање со Украина поради лични политички интереси.
Лавината ја покрена американски разузнавач според кој Трамп во телефонски разговор од крајот на јули од Зеленски барал да рагледа отворање на истрага против Бајден, врзано со поставвуањето на неговито син Хантер Бајден на водечка поиција во најголемата енергетска компанија во Украина, на која беше до април годинава. Своевремено, американските и украинските медиуми пишуваа дека Бајден постариот преку тогашната влада во Киев инсистирал да биде сменет главниот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата поврзана со компанијата на Бајден помладиот