Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот го нарече лондонскиот градоначалник „бесчувствителен губитник“, откако овој ја критикуваше британската влада бидејќи ги поканила Трамп во државна посета.
Доналд Трамп придружуван од сопругата Меланија во понеделникот рано претпладнето слета во Лондон со што ја започна тридневната посета, а уште пред слетувањето го нападна градоначалникот на британската престолнина Садик Кан.
„Садик Кан, кој според сѐ судејќи направил ужасна работа како градоначалник на Лондон лекомислено е непријатен кон претседателот на САД, далеку најважниот сојузник на Обединетото Кралство. Тој е бесчувствителен губитник кој би требало да се насочи на криминалот во Лондон, а не на мене“, напиша Трамп на Twitter пред претседателскиот авион „Air Force One“ да слета на аеродромот „Стенстед“ близу Лондон.
Лабуристот Кан во неделата изјави дека е важно да се има добри односи со САД, но дека Велика Британија не би требало „да го одмотува црвениот тепих“ за Трамп. Притоа го според Трамп со фашистите од XX век.
„Тоа е многу посериозно од детските навреди кои би требало да бидат под нивот на претседателот на САД. Садик ги претставува прогресивните вредности на Лондон и на нашата земја, предупредувајќи дека Донакд Трамп е најнечуениот пример на растечката крајна десна закана ширум светот“, изјави портпаролот на Кан, кој инаку е првиот градоначалник на Лондон кој има пакистански исламски корени.
Трамп на аеродромот го пречека министерот за надворешни работи и канидидатот за местот премиер Џереми Хант, кој истакна дека посетата би требало да биде над паритските политики. Додаде дека Трамп по пристигнувањето му го споменал лондонскиот градоначалник.
Трамп ќе биде гостин на британското кралско семејство, ќе руча со кралицата Елизабета, ќе го пие традиционалниот попладневен чај со принцот престолонаследник Чарлс и ќе ја посети Вестминстерската опатија, црквата во којашто илјада години се крунисуваат британските монарси. Ќе усчествува, исто така, на одбележувањето на 75-годишнината од „Денот Д“ во Портсмут, односно сојузничката инвазија на Нормандија.