За Трамп нуклеарната програма на Пјонгјанг е закана за светот, Абе согласен за воена опција

© EPA-EFE/KIYOSHI OTA/POOL

Американскиот претседтел Доналд Трамп оцени во понеделникот во јапонската престолнина Токио дека севернокорејската нуклеарна програма претставува „закана за цивилизираниот свет“ и потврди дека времето на „стратешкото трпение“ е изминато, а неговиот домаќин премирот Шинзо Абе на заедничката прес-конференција рече дека со американскиот челник се согласни околу можноста за воено решени на проблмот со Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата од Јапонија ја започна долгата турнеја по Азија на којашто ќе преовладува темата на зголемените тензии со Северна Кореја поради што се стравува од голем судир во регионот. Северна Кореја го изведе шестиот нуклеарен тест на 3-ти септември, за кој се смета дека е проба на хидрогенска бомба, а тестираше и интерконтинентални балистички проектили кои би можеле да понесат нуклеарна боева глава и да погодат цели на американската континентална територија. На 29-ти август и 15-ти септември, пак, лансираше ракети кои ја прелетаа Јапонија.

„Некои велат дека мојата реторика е остра, но погледајте што се случи во текот на траењето на благата реторика последните 25 години“, изјави Трамп на прес-конференцијата.

„Ја поддржуваме позицијата на претседателот Трамп во која сите опции се на масата во врска со Северна Кореја“, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе за спротиставување на брзиот развој на нуклеараната и ракетна програма на Пјонгјанг и откако претходно Трамп повеќепати истакна дека во врска со севернокорејската криза се разгледуваат сите можни опции, вклучително и воените.

Шефот на јапонската валда изјави дека разговорите во Токио им овозможиле на двајцата лидери „да му ја покажеме на целиот свет цврстината на јапонско-американскиот сојуз“. Според Абе, во моментов не е време за дијалог со Северна Кореја. „Неопходно е да се покаже максимален притисок на Северна Кореја“, рече Абе.

Трамп, исто така, рече дека Вашингтон повеќе нема да ги толерира провокативните активности на Северна Кореја.

„Изведувањето на забранетите нуклеарни проби, лансирањето ракети, коишто прелетуваат над Јапонија, загрозувањето на безбедноста на цивилното население, САД повеќе нема да го толерираат таквото однесување на Северна Кореја“, рече Трамп. Според него, Вашингтон и Токио тесно соработуваат со цел „да се спротиставата на опасната агресија од режимот на Северна Кореја“.

Американскиот претседател додаде дека Јапонија лесно може да ги собори севернокорејските ракети коишто прелетуваат над нејзината територија, кога ќе се комплетира купопродажбата на ново вооружување од САД.

„Ќе речам, тие можат да ги соборат кога ќе заврши испораката на новото американско оружје. Лесно ќе може да го сторат тоа, како што ние тоа го сторивме пред некој ден над небото над Саудиска Арабија. Тоа беше ракета која леташе многу брзо, како игла на небото“, опиша Трамп додавајќи оти смета дека јапонскиот премиер Абе има намера „да добие значителни количества оружје“ и порача дека „ние го правиме најдоброто оружје“.

Претходно јапонската државна новинска агенција Kyodo пренесе дека Трамп за време на телефонските разговори и средби со челниците на земјите од југоисточна Азија меѓу август и откомври повеќепати ја критикувал Јапонија дека таа не ги соборила балистичките ракети на Северна Кореја, кои во најмалку два наврата ја прелетуваа нејзината територија.

Абе во текот на разговорите во понеделникот потврдил дека Јапонија има намера да купи од САД повеќе различни водови оружје во заднината на влошувањето на безбедносната ситуација во регионот поради активностите на Северна Кореја.

„Квалитатвино и квантитативно неопходно е да ги зајакнеме нашите одбранбени способности. Во врска со тоа сметат дека ќе купиме повеќе оружје од САД“, истакна Абе.

Јапонскиот премиер особено истакна дека станува збор за ловци-бомбардери од петтата генерација „F-35A“, проектили за пресретнување „SM-3 Block 2A“, како и зајакнување на јапонските воени бродови со системите „Aegis“.

„Јапонија, се разбира, ќе ги соборува севернокорејските ракети. Доколку го преземеме овој чекор ќе се координираме со нашите сојузници“, рече Абе истакнувајќи дека тоа ќе биде сторено доколку е неоходно.

Јапонија поседува двостепен ракетен противвоздушен систем. Засилените бродски системи „Aegis“ кои се вооружени со прокетилите за пресретнување „SM-3 Block 2A“, кои може да соборат балистички проектил при средината од нејзината траекторија. Доколку не се успее во тоа, ќе биде активиран вториот степен од противвоздушната одбрана кога се користат ракетите од системот „Patriot PAC-3“ кои го пресретнуваат проектилот во последната фаза од неговиот лет. Досегот на овој систем не надминува неколку десетици километри.

Во блиска иднина Јапонија, исто така, има намера да купи од САД копненј противвоздушни комплекси „Aegis Ashore“. Според експертите, за заштита на целата територија на земјата од можен ракетен удар или паѓање на балистичка ракета доволни ќе бидат два вакви система, од кои секој чини околу 80 милијарди јени, односно 728 милини американски долари.