За три месеца од Македонија се отселиле повеќе млади од бројот на жители во Радовиш

Откако во Македонија дојде животот и СДСМ дојде на власт над 30 илјади млади за три месеца се отселиле од Македонија, најмногу од општините каде што со години на власт е токму владејаката партија, пишува порталот Курир.мк

Од јуни до септември од Македонија се отселиле 31.170 млади од Македонија, што е повеќе од населението во општина Радовиш. Според статистичките податоци, Радовиш има малку помалку од 30 илјади жители.

Според Државниот завод за статистика, оваа бројка од 31.170 луѓе се однесува на млади од 18 до 37 години.

Најголемиот број  отселени се од Струмица и Куманово, а има и од Скопје, а како најголема причина за тоа може да се гледа бесперспективноста.

Во последните четири месеци во Македонија, односно откако СДСМ ја презеде власта, може да се забележи пад на економијата во секој аспект, па токму тука може да се види причината за масовното иселување.

Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Владата на СДСМ воопшто не е заинтересирана за носење странски инвеститори. Во овие четири месеци не успеа да донесе ниту една странска инвестиција каде младите би можеле да се вработат, па тие се принудени работа да бараат надвор од границите на Македонија.

Падот во градежништвото за огромни 25 отсто за месец јуни, но и падот во другите индустриски гранки, негативно ќе се одрази врз намалување на невработеноста, што ќе значи дека во Република Македонија наместо нови вработувања, ќе има отпуштање на работници.

Со падот на градежништвото паѓаат повеќе гранки, а бидејќи градежништвото е мотор на растот на Бруто домашниот производ, може да се очекува и пад на БДП.