Тројца осомничени ноќеска завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Мерката која им е изречена е притвор од 48 часа. Телма дознава дека станува збор за осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Главниот првоосомниечн Љупчо Палевски познат како Палчо, е во бегство, и е недостапен за полицијата.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвноto јаvно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
Во текот на ноќта, во полициска станица беше повикан и Александар, татко на киднапираната и убиена Вања. Засега за него не се бара притвор. Таткото го пријавил исчезнувањето на девојчето, втор, околу 11 часот во понеделник откако истото го сторила и мајката, рано утрово откако девојчето не стигнало во школо. За него засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.
Велибор Манев, еден од тројцата осомничени за учество во убиствата на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Панче, додека беше носен од полицијата во зградата на Кривичниот суд за распит беше пречекан од новинарите.
Тој на прашање упатено од нив, дали го извршил убиството на Вања, одговори „не“, додека на прашањата дали признал вина и како е поврзан со убиството на Вања не одговори.
Еден час по него, во судот беше донесен уште еден осомничен за двете убиства. Полицијата го внесе преку гаражата, а пред новинарите се појави од внатрешната страна на скалите преку кои полицајците го однесоа кон првиот кат. Новинарка му довикуваше дали ја убил Вања, но осомничениот за убиството на девојчето не кажа ништо додека полицајците го носеа со лисици на раце и со зафат полуга поради што беше поднаведнат.
Тројца се осомничени за убиството на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот околу 7,30 часот, одејќи кон училиште, а нејзиното тело беше пронајдено вчера закопано во околината на Скопје. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.
Осомничениот за двете убиства е ист. Скопјанецот Љупчо Палевски на 22-ри ноември го киднапирал велешанецот Панче со кој имал поврзаност заради некакви наводни ископи на злато.
Тој е убиен, а неговото возило е истото она со кое подоцна е киднапирана 14-годишната Вања и префрлена од убиецот и неговите осомничени помошници. Киднапирањето е извршено на влезот на зградата која главниот осомничен одлично ја знаел.
Мотивот за киднапирање е поврзан со користољубие и со исплата на пари и други материјални средства. Киднапираната Вања била застрелана со пиштол во 10 часот истиот ден кога е земена при одење на училиште. Истиот ден на 27 ми полицијата го наоѓа цитроенот, возилото на велешанецот Панче, запалено во атарот на селото Бразда во Скопска Црна Гора.
Токму во атарот на скопска Бразда е пронајдено и нејзиното тело.
Телата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жеѓовски се на обдукција.
Цели седум дена траеше потрагата по 14-годишното девојче, кое според соопштението од Обвинителството и од МВР било убиено само неколку часа по киднапирањето.