За Украина само полноправното членство во НАТО е „вистинска гаранција за безбедноста“

Украинските власти денеска повикаа за „целосно“ членство во НАТО како единствена гаранција за безбедност наспроти руската инвазија, пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

-Убедени сме дека единствената вистинска гаранција за безбедноста на Украина, како и одвраќање за понатамошна руска агресија против Украина и другите држави, е полноправното членство на Украина во НАТО, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Киев.