За улогата на Вили Вонка, младиот Шаламе работел со најдобриот учител по пеење

Тимоти Шаламе земал часови од најдобриот учител по пеење подготвувајќи се да ја игра улогата на Вили Вонка по Џин Вајлдер и Џони Деп во новиот филм заснован на приказната за „Чарли и фабриката за чоколада“.

Младата ѕвезда Шаламе, кој се прослави со улогите во филмовите „Dune“ и „Call Me by Your Name“, ја игра помладата верзија на сопственикот на фабриката за чоколади.

„Беше предизвик затоа што тоа станува збор за обожуван лик, а луѓето се многу заштитнички настроени кон ликовите што ги сакаат и повторно скептични се за холивудските римејци. Но, мислам дека завршивме одлична работа. Јас сум многу среќен со овој филм“, изјави Шаламе за Reuters по светската премиера на филмот во лондонски „Royal Festival Hall“.

28-годишниот Шаламе го подучувал Ерик Ветро, ​​одличен учител по пеење кој ги поддучува познатите пејачки имиња како Аријана Гранде, Џон Леџенд и Кети Пери.

„Имаше многу вежбање, многу часови по пеење со Ерик Ветра во Лос Анџелес, многу работа“ како подготовка за музичките нумери во филмот“, призна Шаламе.

Во филмот, базиран на романот на британскиот писател Роалд Дал, „Вонка“ се враќа во измислен град по неколку години поминати на море. Градот е дом на најдобрите светски производители на чоколада, па и Вонка се надева дека ќе отвори своја продавница. Во обид да го исполни својот сон и додека се бори против моќниот чоколаден картел, тој се спријателува со девојче сираче, необично мало суштество со портокалова кожа и зелена коса по име Умпа Лумпа, кое го игра Хју Грант.

„Има многу непознати во романот на Роналд Дал за тоа што Вили правел пред да ја отвори фабриката за чоколада, па мислевме дека ако тргнеме од тие индиции ќе направиме нешто со што (авторот на романот) Роалд Дал ќе се гордее“, изјави Сајмон Фарнаби, кој го напиша сценариото заедно со режисерот Пол Кинг.

Филмот во целиот свет ќе започне да се прикажува во декември.