За вакцинација на децата во Македонија ќе мора да се закажува термин.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека закажувањето на терминот, односно пријавувањето ќе трае од денеска до четврток на сајтот vakcinacija.mk.
-Ова се прави поради подобра организација, од една виала „Фајзер“ се даваат шест дози вакцини односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова. По пријавување на децата, ќе се добие термин за нивна вакцинација, објасни Филипче.
Вакцинирањето на децата од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер ќе започне од петок. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.