За Велигден, полицијата ќе ги чува црквите од верници

Полицијата ќе врши контроли покрај храмовите на МПЦ-АО во саботата пред Велигден и за време на велигденските празници, откако Владата минатата недела го зајакна полицискиот час, кој ќе почне од Петок во 16.00 часот и ќе трае се до Вторник до 05.00 часот.

Иако е сосема јасно дека на Велигднеските Воскресни Литургии во сабота навечер ќе бидат само свештениците и новининарите, сепак Владата одлучила да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Како и што ќе контролира полицијата останува неизвесно, со оглед на тоа дека движењето за време на полициски час без дозвола е казниво со закон, парично од 2000 евра или пак казна затвор, па ретко кој би се осудил да замине в црква.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од состанокот според кој, од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места“, стои во соопштението на владата.