Наместа, особено во северозападните делови од државава, се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Од недела навечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер.
Облачноста ќе настапи од сабота попладне кога на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.
Според Управата за хидрометеролошки работи, во сабота минималната температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а максималната температура од 20 до 26 степени. Во недела ќе има благ пад на максималните температури кои ќе достигнат до 23 степени, а веќе од понеделник максималната температура ќе биде 21 степен.
Потоа ќе настапи период на разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо време. Утрата во вторник и среда ќе бидат свежи со минимални температури околу нулата, додека дневните ќе се движат до 21 степен во вторник и 19 степени во среда.
Од среда повторно ќе има нов влажен и постуден бран од северозапад, од кој се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.