За разлика од поголемиот број на фудбалски стручњаци, кои се убедени дека актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М) е прв фаворит кога е во прашање победничкиот пехар во Лигата на шампиони, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека Реал (М) има далеку поопасен тим.
„Минатата сезона, Рибери и Робен имаа совршена соработка, делуваа моќно, играа во најдобра можна форма. Баерн (М) делуваше опасно, делуваше моќно пред противничкиот гол. И оваа сезона, Баерн (М) доминира кога е во прашање поседот на топката, доминира во средината, но мислам дека не е толку опасен како изминатата сезона. Тоа се виде и на првиот натпревар во Лондон. Арсенал играше со играч помалку 50 минути, а Баерн (М) не создаде ниту една посериозна шанса”, изјави трофејниот француски стручњак.