
Од понеделник, под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник се очекува многу студено и ветровито време со провејување на снег и на пониските делови.