Како што информираат од СВР Скопје, во петокот имало 12 сообраќајни незгоди, при што во шест со полесни повреди се здобиле девет лица, а а шест несреќи се со материјална штета. И во саботатата е извршен увид на 12 сообраќајни незгоди. Од нив, во една незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатник, а со полесни повреди четири лица, а во пет незгоди со полесни повреди се здобиле шест лица. Шест незгоди се со материјална штета. Вчера, пак, се регистрирани седум сообраќајни незгоди, од кои во три незгоди со полесни повреди се здобиле шест лица, а три се со причинета материјална штета. Во една од сообраќајките со тешки телесни повреди се здобил сопатник, а едно лице со полесни повреди.
Во изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четири се движеле со брзина поголема од дозволената, четири поминале на црвено светло на семафор, како и тројца кои не ги почитувале правилата за престигнување. Затекнати се и 29 возачи без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во тек на трите дена отстранети се 121 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како на пешачкиот така и на моторниот сообраќај.