За влакно избегната трагедија во Мексико: Стотина мигранти спасени од задушување во приколка

Најмалку 94 мигранти преживеале кога успеале да излезат од камионска приколка што била напуштена на автопат во мексиканската држава Веракруз за да избегнат задушување, соопштија властите.

Според официјални лица, мигрантите морале да направат дупки во приколката за да излезат, а некои тоа го правеле преку покривот, пренесува АП.

Некои се повредени кога скокнале од покривот на приколката, но не се здобиле со повреди опасни по живот, ниту пак скршиле нешто, пренесува АП.

Се верува дека многу повеќе мигранти биле во приколката, но избегале, додека 94 мигранти од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор се предадени на имиграциските власти.
Во Тексас, на 27 јуни, 53 мигранти беа најдени мртни, поради задушување во  затворена камионска приколка.