За влез и излез во државата се чека по половина час

Вообичаено за летниот период и денеска се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата. Но, нема поголеми задржувања, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.