Црногорската министерка за здарвство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ изјави во понеделникот дека се укинува забраната за меѓуградски превоз за време на викендот, но оти останува забраната за прославата на Василица.
Бојовиќ притоа истакна дека за влез во Црна Гора не е потребен тест Covid-19.
„Забраната е прослава на Нова година според Јулијанскиот календар, забранета на отворено и во затворен простор“, истакна Боровиниќ-Бојовиќ.
Наведе дека угостителските објекти ќе продолжат да работат од седум до 20 часот, но останува забраната за музика во живо.