За влез во Македонија на Табановце се чека и повеќе од два часа

На граничниот премин Табановце за влез во Македонија се чека и повеќе од два часа. Километарски се колоните од возила на сите ленти од граничниот премин.

Од АМСМ претходно соопштија дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот може да се следи на следниов линк.