За влез во Македонија се чека и по четири часа

Повеќе од четири часа се чека на граничниот премин Евзони за влез во земјата.

Долгата колона со возила започнува од првата наплатна рампа во Грција и се протега до границата.

Од граничниот премин Богородица велат дека таму нема подолги задржувања за излез од државата и дека возилата се пропуштаат за пет до десет минути.