
ВМРО ДПМНЕ на денешната лидерска средба настапува со јасни позиции, одговорно и принципиелно. Услови за брзи избори во време кога се бројат заразените и починатите нема.
Седмицата која измина беше една од оние каде имаме најголем број на новозаразени (170) и починати (10) со што бројката надминува над 100 починати. Од друга страна мислењето на Комисијата за заразни болести кое што го даде е општо, без конкретни заклучоци, и не гарантира заштита на здравјето на граѓаните во ситуација на одржување на брзи избори. Општите препораки кои ги дава комисијата се досега познати и впрочем се применуваат, но отсуствуваат портоколи и дефинирање на условите за избори и нивното оддржување. Нема ниту прецизен одговор од набљудувачката мисија на ОБСЕ чиј што шеф потребно е да биде најмалку 35 дена пред почетокот на изборите. Со што датумите дадени од СДСМ и Заев веќе се прегазени. ВМРО ДПМНЕ на денешната лидерска средба ќе даде свое мислење кој е најдобриот период за оддржување на изборите и тој датум е оддреден како резултат на долги дискусии со здравствени експерти и епидемиолози. Главната цел на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заштита на здравјето на граѓаните и кредибилни избори, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.