Утрово во 05 часот заврши мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во неделата во 11 часот. Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките и со своето однесување придонесуваат да се спречи ширењето на коронавирусот.
Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
✔️ По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
✔️ На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.
✔️ По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 18 прекршоци.
✔️ Во државен карантин се спроведени 20 лица.