Повеќе од 5.800 имигранти, кои се обиделе да го преминат Медитеранот и да стигнат во Европа се спасени во текот на викендот со бродови во близина на либиското крајбрежје, а пронајдени се десет тела на починати имигранти, соопшти денеска италијанската Крајбрежна стража и морнарица.
Само вчера се спасени над 2.150 имигранти, се вели во соопштението, пренесува МИА.
Во најверојатно најголемата операција на спасување на имигранти досега, која ја координираше Италија учествуваа десет италијански бродови, четири приватни и еден француски брод во име на Европската агенција за контрола на границата.
Сите спасени имигранти во текот на викендот се транспортирани до брегот на Италија, некои до јужниот остров Лампедуза, а други до местото Трапани, на Сицилија.