ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Денеска протести во 26 града


Заедничка Македонија продолжува да расте и да се зголемува.

Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА продолжува со мирните протести. Денеска во 26 градови, граѓаните ќе кажат ДА за унитарна Македонија и НЕ за двојазичност, кантонизација, промена на Устав, знаме, државен грб…

Поддршката се’ помасовно продолжува да се шири.

-Македонија навиваше за нас! Сега ние навиваме за заедничка Македонија! Сум изиграла стотици натпревари со македонското знаме и грб на мојот дрес. Со колешките од репрезентацијата сме оставале срце на терен. Сме гинеле за секоја топка, за секој гол. Сме гинеле затоа што сме ја сакале и почитувале нашата Македонија.  Доста веќе не делат и не вртат едни против други. Македонија е една и единствена. Таква и ќе ја оставиме на нашите деца и внуци. Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!, порача легендарната македонска ракометарка Индира Кастратовиќ изразувајќи поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.