ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Изразуваме разочарување што Заев не се откажа од тиранската платформа

Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија, нашите соседи Србите, Бугарите, воведување на казни за непримена на албанскиот јазик и ред други противуставни елементи кои водат кон разградување на граѓанското ткиво на Република Македонија, напиша на ФБ граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Во продолжение интегралниот статус на „За заедничка Македонија“:

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија изразува огромно разочарување од лидерот на СДСМ Зоран Заев поради неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел е редефинирање на граѓанска Македонија.

Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија, нашите соседи Србите, Бугарите, воведување на казни за непримена на албанскиот јазик и ред други противуставни елементи кои водат кон разградување на граѓанското ткиво на Република Македонија.

Прашањата кои се државно и национално одбележје не смеат да бидат предмет на пазарање, манипулирање ниту на различни толкувања, туку за сите овие прашања потребно е да одлучуваат граѓаните.

На крај апелираме дека нема да подлегнеме на ниту една манипулација или обид на мала врата да се протнат работите кои албанските партии ги договорија во Тирана, а Зоран Заев ги прифати. Нема да помине ниту еден обид за измама на македонските граѓани. Да градиме мултиетничка, а не бинационална држава.

Бараме јасно и недвосмислено целосно отфрлање на платформата направена во Тирана. Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија продолжува со народните протести се до целосно исполнување на нашите барања.

Се гледаме во 17 часот.