Илјадниците граѓани кои веќе 25 ден протестираат под мотото „За заедничка Македонија“, барајќи отфрлање на Тиранската платформа и зачувување на унитарноста на Македонија, денес со аплауз го поздравија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и неговите одлуки застанувајќи пред претседателската народна канцеларија, која за време на протестите на Шарената револуција беше целосно демолирана.
– Дваесет и петти ден по ред му повторуваме и му порачуваме да не подлегнува под никакви протисоци и тоа ќе го повторуваме се додека треба. Ѓорге Иванов не смее да престане да го брани суверенитетот на Република Македонија. Претседателе, ја имате нашата поддршка, продолжете така како што започнавте, како што цело време работите. Ви благодариме, истакна Богдан Илиевски, кој е еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.